СДСМ упорно и покрај сите укажувања не отстапуваат од својата деструктивност, а во интерес на граѓаните сметаме дека е добро да бидат појасни неколку моменти, рече денеска Ленче Илиевска, советничка од ВМРО ДПМНЕ.
„Тоа главно се однесува на очајниот речник и термините во него, кој што го користат деструктивците на СДСМ. Инсистираат на несреќно избраната споредба на кружниот тек со фудбалско игралиште. Општо познато е дека секој фудбалски терен е со правоаголна форма. Играта се игра на трева, но во некои исклучителни случаи и на вештачка трева.
Споредбата на кружниот тек и пропишани димензии на фудбалско игралиште е стопроцентно несоодветна и се користи само за манипулација. Само за илустрација постојат стандардни димензии на фудбалско игралиште, кое ги има следните вредности: 105 метри во должина, а најмалку 68 метри во широчина.
Вториот момент со кој што, исто така, страшно манипулираат вистината е дека немаше полициска асистенција! И на крајот, на седницата на Советот одржана на 28.12.2022 година одлуката за кружниот тек беше поддржана едногласно од сите советници! Навистина не е доблесно вниманието на јавноста и граѓаните да бидат окупирани од индивидуални, поединечни напори за себереализација и неостварени лични амбиции“ рече Илиевска.












