На денешната седница на Советот, претседателката Габриела Илиевска уште еднаш го прекрши деловникот за работа на Советот и позитивните законски прописи на Република Македонија, вака кажа советникот од ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓи Ѓоргиевски.
„Имено, на предлог на координаторот на советничката група на СДСМ, Методија Илиевски кој предложи да се стават точки на дневен ред за разрешување на членови на управни и надзорни одбори во јавни претпријатија, надвор од позитивните законски прописи, односно спротивно на член 17 ѓ од Законот за јавни претпријатија кој што вели „Основачот може да ги разреши сите членови на управниот одбор на јавното претпријатие пред истекот на мандатот доколку не даде согласност на годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие“.
Ова почитувани, предлогот на координаторот на СДСМ не е во согласност со овој член. И покрај укажувањата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, точките беа ставени на дневен ред. Доколку точките во понатамошниот дел од седницата бидат усвоени, секако градоначалникот има законска надлежност и основ, точките да ги поништи како незаконски и да не бидат објавени во службен гласник“ рече советникот Ѓорѓиевски.












