По партиската реакција на битолската СДСМ на изјавата на Коњановски за кучињата скитници, со соопштение се огласи ВМРО ДПМНЕ Битола.
„СДС лажно го чистеше воздухот така сега лажно политизира и се грижи за проблемот со бездомните кучиња.
СДС имаа четири години кои ги потрошија на опструкции, блокади “нови” проекти кои никогаш не ги реализира.
Остана само споменот од нивната “лажна” борба за чист воздух. Остана лицемерието со кое ги лажеа битолчани дека ќе го исчистат воздухот.
Имаа време да покажат дека знаат да работат но повторно се покажа нивното вистинско лице на неработници. Истите перјаници кои сега се најгласни беа дел од најлошата локална власт која било кога со пари од граѓаните требаше да реализира проекти за граѓаните.
Провидни сте !
“Веќе видено”
Се зафаќате со тези кои имаат широк допир со граѓаните ,,се лепите за нив како крлеж” , а што е најлошо вие сте политички субјект кој само инкорпорирал во себе права, без никакви обврски.
Кога некој конечно нешто вистински прави тогаш најмногу ве боли и бесни сте.
Напаѓате со сите сили притиснати до ѕид и по цена да не се успее само вие политички да профитирате, ете тоа е лицемерие.
Се преземаат активности околу стационарот тоа вие го знаете,но пак ги лажете граѓаните. Длабоко жалиме поради немилите ситуации во кои се наоѓаат нашите граѓани, но за разлика од вас ние работиме на решавање на проблемот и не бегаме од него.
Токму затоа мораме сите, локалната самоуправа, здруженијата за заштита на животните, полицијата, да делуваме заедно.
Локалната самоуправа за десет дена, завршува со градежните активности на првата фаза од прифатилиштето за бездомни животни! Потоа треба да ја добие и дозволата од Агенцијата за храна и ветеринарство!
Лицемерната локална власт на СДС во општина Битола од 2016 година, со забраната за делување на шинтерската служба, не презела никакви мерки за решавање на овој проблем!
Веруваме дека со сите преземени досегашни и идни активности, конечно ќе ставиме крај на овој сериозен проблем.
Само сите заедно, можеме да постигнеме брзо и целосно решавање на проблемот“, се вели во партиската реакција на битолската ВМРО ДПМНЕ.












