Делови од Битола останаа без вода. Причина, како што веќе информиравме е дефектот кој што настанал на ул. „Стив Наумов“, а кој како што велат од „Водовод“ Битола, бил предизвикан од фирмата „Стентон градба“ која изведува градежни активности.
Од јавното претпријатие ги информираат сите корисници на услугите дека чиста и питка вода ќе можат да обезбедат од цистерната на ЈКП Водовод Битола, која ќе застанува пред секоја месна заедница каде што има прекинато водоснабдување.
За подетални информации и за временското поставување на истата, од „Водовод“ ги упатуават грашаните да обратат на телефонот за контакт 072 234 132.












