ТЕРА

REKLAMA???

ВО БАС РАБОТИЛНИЦА ЗА РАЗВИВАЊЕ БИЗНИС ПЛАНОВИ СО ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА

Денес во Бизнис академија Смилевски во Битола во рамките на ИПА проектот Г.ЕМ.С: Стимулирање на зелени вработувања: Клучни точки за прекугранични образовни и технолошки иновации, се одржа работилница со заинтересирани млади луѓе од Пелагонискиот плански регион за развивање на бизнис планови со зелена економија.

Консултантскиот тим на БАС преку иновативна методологија на бизнис планирање заедно со младите идни претприемачи ги дефинираа зелените бизнис идеи кои во наредните месеци менторски ќе ги преточат во бизнис планови за стартирање на новите зелени бизниси.

Проектот има за цел да им помогне на прекугрaничните региони нa Републикa Мaкедонијa и Грцијa, да се придвижат – од сегашниот низок економски „кафеав“ пристап (со низок квалитет на работните места, ниско ниво на заштита на животната средина, несоодветни ниски вештини), кон „високо“ одржлива зелена економија (соодветни вештини на високо ниво, висока продуктивност, високо ниво на заштита на животната средина).

Со користење на иновативни образовни и тренинг методи, проектот се темели врз тематско и процедурално знаење, со цел да се подобри односот на локалното население кон природата, да се запознаат и приближат  целите на одржливиот развој дефинирани од Обединетите нации и да се развие човечкиот капитал во прекуграничниот регион за најсовремени зелени решенија, се вели во информацијата од БАС.