ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ЛАРВИТЕ НА КОМАРЦИТЕ

Од денес Центарот за јавно здравје Битола почнува со реализација на првата фаза на превентивната ларвицидна дезинсекција за уништување на ларвите на комарците на подрачјето на Општина Битола

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информира дек денеска екипа на Центарот за јавно здравје–Битола ќе спроведува ПРЕВЕНТИВНА ЛАРВИЦИДНА теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените облици на комарците.

Запрашувањето ќе се врши во предпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.

Третирањето ќе се изведува со високо селективен биолошки инсектицид на база на BIOPREN 50 LML, наменет за уништување на ларвите на комарецот од типовите Aedes и Culex (во 2 и 3 ларвен стадиум).