ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА СЕ ОДРЖУВА ТРЕТИОТ ЕТНОГРАФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

Иницијативата во рамките на фестивалот Илинденски денови, да заживее и филмот како медиум, го создаде и  Интернационалниот етнографски филмски фестивал, кој годинава се одржува по трет пат . Селектор на фестивалот е македонскиот новинар кој живее во Франција, Тони Гламчевски.

Оваа година има и филмови во кои се прикажува процесот на изработка на инструменти. Фестивалот има цел да ги поттикне истражувачките и креативни пристапи во етнографските документарни филмови, да ја едуцира публиката за богатството и различноста на локалните културни традиции, како и да биде глас на совеста за проблемите на современите општества предизвикани од потценувањето на вредноста на културното наследство.

Фестивалот се отвори со филмот „Поштарот од камењарот“ на Зоран Тадиќ – Загреб Филм , потоа следуваше „Откривање на другиот“, од Бразил, кој е всушност патување во историјата на човештвото. Оваа година пристигнале 2681 филм од кој селектирани се 40. Интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“ е настан што претставува широк спектар на етнографски филмски теми и авторски пристапи во истражувањето на традиционалниот, но и на современиот начин на живот на човечките заедници, нудејќи различни сознанија, филмски форми и методологии на работа, во таа смисла, целта на фестивалот е да промовира етнографски филм и визуелна антропологија, преку пристапен фестивал, кој ја рефлектира различноста на антрополошките реалности и современите прашања, истовремено обезбедувајќи простори за средби и дијалог.