Утрово 6 степени во Берово, Лазарополе, 7 Попова Шапка, 9 Крива Паланка, Маврови Анови, Крушево, 10 Битола, 11 Охрид, Прилеп, Струмица, 12 Скопје-Петровец, Тетово, Претор, Штип, Демир Капија, Виница, Куманово, Велес, Кавадарци, Дебар, 13 Скопје-Зајчев Рид, 14 Гевгелија.
Во текот на ноќта облачноста се намали и утринава е ведро со мала локална облачност, а дува слаб променлив ветер.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во текот ноќта ќе има услови за локален дожд.
Максималната температура ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Битола до 26 степени.












