Утрово 14 степени Берово, 16 Битола, Крива Паланка, 17 Скопје-Петровец, Демир Капија, Крушево, Претор, Прилеп, 18 Струмица, Охрид, Дебар, 19 Куманово, 20 Дојран.
Во текот на ноќта времето беше ведро, а утрово е сончево, на места со слаб ветер од променлив правец.
Во делови од земјава денес портокалово ниво на опасност од невреме.
Денеска претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град.
Максималната температура ќе достигне од 29 до 35 степени. Во Битола до 33 степени.












