ТЕРА

REKLAMA???

ВО ПЕЛАГОНИЈА ДУВАШЕ СИЛЕН ВЕТЕР И ДО 50 КМ/ЧАС

Денеска во Битола беа измерени 29 степени, а наврнаа само 2 л/м2 дожд. Денеска и сонце и дожд и ветер. Во Пелагонија ветерот достигнуваше брзина до 50, а долж Повардарието до 70 км на час..

До крајот на денот променливо облачно, наместа ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.