Утрово -6 степени на Попова Шапка, -3 Маврови Анови, -2 Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Крушево, -1 Прилеп, Берово, Претор, 0 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија, Крива Паланка, 1 Куманово, Гевгелија, 2 Дојран, Штип, 3 Струмица, 4 Виница.
Најмногу дожд 12 л/м2 наврнаа на Попова Шапка, 11 Пожаране, 8 Тетово, 7 Маврови Анови, Струмица, 6 Дојран, 5 Битола, Кр.Паланка, Крушево, 4 Куманово, 3 Берово, 1 Претор, Прилеп, Д.Капија.
62 см е снежната покривка на Попова Шапка, 13 Пожаране, 7 Маврови Анови.
Во текот на ноќта облачноста се намали и преовладуваше претежно ведро време. Утрово е сончево со мала локална облачност поголема во западните делови од земјата. Во делови од скопско и во Тетово има појава на магла со ограничена хоризонтална видливост од 50м. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Претпладне во котлините ќе има слаба магла. Од пладневните часови од запад ќе се прошири облачност, а во текот на ноќта од запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени. Во Битола до 8 степени.












