На 22.07.2023 полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода три лица од Битола, а на службен разговор во полициска станица се повикуваат и други лица поради сомнение за инволвираност во физичка пресметка, која е пријавена околу 00 : 47 часот.
Според пријавеното, како што стои во соопштението на МВР, на ракометното игралиште во Битола дошло до меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи, меѓу кои и малолетници, во која бил употребен и остар предмет, а две малолетни лица и едно полнолетно со повреди биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.
По целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.












