ТЕРА

REKLAMA???

ВО ХЕМОМЕТАЛ СЕ ОДРЖА ПРВИОТ СОЛИС КАМП ВО МАКЕДОНИЈА

Викендов водечката компанија за продажба на трактори Хемометал од Битола го организираше првиот Солис камп во Македонија. Во сопствениот склад во Кравири пред своите клиенти и соработници ги претсавија најновите модели на трактори од брендот Солис, бренд кој што компанијата го нуди и продава од 2012 година.

На настанот поканети и присутни беа и земјоделците кои што имаат трактори Солис. Повеќе од 30 трактори беа сервисирани во еден ден со бесплатна работна рака и попуст на сите резервни делови.

Но не беше само тоа, на овај прв Солис камп тие можеа и да се забавуваат, односно натпреваруваат во возење на трактор, учество во квиз со прашања поврзани секако за брендот Солис, неколку спортски игри итн.

Секако најдобрите беа наградени.

Но да одиме со ред. Топло добредојде на сите присутни на првиот Солис Камп им посака Александра Христовска.

„Драги пријатели и соработници добедојдовте на првиот Солис камп во Македонија. Сакам да ви се заблагодарам што го одбравте Солис тракторот и сигурна сум дека не сте зажалиле за тоа. Солис компанијата во моментот е водечка компанија во производство на трактори. Нивниот раст и развој е навистина значаен. Со дневно производство на трактори повеќе од 500 се меѓу петте производители на трактори на глобално ниво. Од 2022 година Солис стана број еден извозник на трактори од Индија. Повеќе од 5000 вработени брои Солис, успешни и квалификувани работници посветени ги надоградуваат и усовршуваат нивните производи. После нивното партнерство со Јанмар јапонскиот бренд за мотори уште повеќе се засили експанзијата на Солис во Европа и светот, па сега бројат повеќе од 3000 дилери. Соработката Хемометал-Солис започна од 2012 година кога е продаден првиот трактор. Ние бевме првиот дилер во Европа, нашето искуство со Солис е одлично, имаат квалитетен менаџмент, добиваме најдобри цени, најдобра и експедитивна поддршка. Секогаш се трудиме да ги понудиме најдобрите цени и најдобрата понуда за наите клиенти. Се ангажираме секој од вас да биде задоволен и да ги исполниме вашите очекувања. Ви благодариме на сите што досега ја дадовте довербата на Солис, вие сте сите дел од фамилијата Хемометал Солис. Денес Хемометал има продадено преку 1100 трактори и се надеваме дека во иднина ќе ве има во поголем брфој“, рече Александра Христовска, од Хемометал Битола.

Уште од самите почетоци Хемометал се целосно посветени кон развојот и унапредувањето на своите клиенти, овозможувајќи им пристап до најсовремените производи коишто се технички усовршени и со препознатлив висок квалитет, а достапни само во продажните места на Хемометал.Своите лојани клиенти ги наградија со пригодни подароци.

„33 години партнер со Солис од Индија се групацијата Солис и Јанмар, тоа е групација која е најголема во Европа и во светот, ние како претставници за Македонија, се продлжува успехот заеднички во кој што еве имаме прв тренинг камп во Македонија и Балканот, со традиција кој што ќе продолжи и во наредните години. Така што во сите наши складови во Скопје, во Свети Николе имавме ваков камп каде што фармерите сакаат да се видат и со директорот за техничка контрола на сервис, и денеска тука се прави бесплатен сервис за сите тие трактори. Нашите сервисери се доста едуцијрани. Дојде и претставник од Индија кој сака да ги слушни фармерите колку од Солис се задоволни. Ние како компанија во овие 13 години имаме продадено околу 1200 трактори. Денеска им нудиме и попусти на тракторите и на сите резервни делови со 30% попуст“, изјави Мирко Велковски, сопственик на Хемометал.

Прашавме што е она што тракторот Солис го прави да биде најпродаван трактор на пазарот?

„Солис тракторот е европски,кој има повеќе од 20 видови на трактори, почнувааат од 20 коњски сили до 110 коњски сили, со намена за секој земјоделец, ги надмина сите перформанси за квалитет. Фармерот со Солис ќе биде поконкурентен“, рече Мирко Велковски.

Дојде и претставник од Индија, менаџер за сервис на тракторите. Земјоделците прашуваа, а тој одговараше. Фармерите му кажаа колку и зошто се задоволни од брендот Солис.

Се случи првата продажба на трактор. Веднаш потоа следуваше уште една. Клучот на рака го добија веднаш и попус од 30% на избраниот модел.

Задоволството од работата со Солис, не го криеја фармерите.

И следуваше најинтересниот дел од овај прв Солис камп во Македонија. Се започна со квиз, потоа следуваа неколку интересни спортски игри, а се заврши со натпревар во трактор возење.

Секако најдобрите беа наградени.

Со еден ваков камп Хемометал од Битола уште еднаш покажа и докажа дека е компанија која е бренд за Битола, но и бренд за цела држава. Хемометал претставува синоним за модерно земјоделство.

Најавија дека овај камп ќе прерасне во традиција.