Времето денеска променливо облачно и студено

0
258

До утрово до 7 часот висината на снежната покривка е 6 см во Прилеп, 7 Виница, 8 Кр. Паланка, 15 Скопје-З.Рид, Тополчани, 19 Д. Капија, 20 Гевгелија, Скопје Петровец, Битола, Претор, 21 Струмица, Берово, 26 Охрид, 28 Тетово, 30 Ѓуриште, 49 Пожаране, Крушево, 72 Лазарополе, 90 Маврово.

Најстудено со -10 степени беше во Маврово, -9 Пожаране, -8 Скопје-З.Рид, Ѓуриште, Кр. Паланка, Крушево, Скопје Петровец, -7 Дебар, Берово, Тетово, Лазарополе, -6 Тополчани, Прилеп, Виница, -5 Битола, Штип, -4 Претор, -3 Д. Капија, Струмица, -2 Охрид, -1 Гевгелија, Дојран.

Времето денеска променливо облачно и студено со повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој во Пелагонија на моменти ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени.

До четврток ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, претежно во западните и источните делови. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, а најстудено ќе биде во четврток кога утринската температура на повеќе места ќе се спушти под -10 степени. Во петок ќе има врнежи од дожд и снег, а позначително затоплување со локални врнежи од дожд ќе има за време на викендот.