ТЕРА

REKLAMA???

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД ВО НОВАЦИ „ФЕСТИВАЛ НА ЖЕТВАТА“

Втора година по ред во Новаци се организираше „Фестивал на жетвата“. Локацијата кај манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Новаци.

Дводневен хепенинг покрај забавниот дел, содржeше и едукативен и изложбен дел, односно присуствуваат и изложувачи на разни видови на земјоделска механизација, препарати, семиња и пестициди, локални производи, домашна традиционална храна, винарии и сл.

Присутните гости меѓу нив и градоначалници од други општини, иселеници кои се дојдени во посета на родната земја, ги поздрави градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.

На прата вечер богата културно-уметниучка и забавна програма за сите генераци.

Со оваа манифестација сакаат да ја афирмираат општината и нејзините ресурси како многу важен дел кој придонесува за развој на економијата во државата во услови на светска криза, како во областа на храната, така и во областа на енергијата.