ТЕРА

REKLAMA???

ВТОРА НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „СМАРТ БАЛКАН-ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО ЗА ПОВРЗАН ЗАПАДЕН БАЛКАН“

Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП, ja организира втората Националната конференција во рамки на проектот „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ која ќе се одржи на 8 јуни 2023 (четврток) во х. Александар Палас, со почеток во 09:30 часот.

На конференцијата ќе бидат потпишани и договорите со добитниците на грантови
од грантовата линија – Национални интервенции, а ќе бидат споделени и информации за
претстојниот повик за регионални грантови.

Проектот СМАРТ Балкан, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи
на Кралството Норвешка со грант од над 17 милион евра, тековно се спроведува од
01.01.2022 година од страна на конзорциумот на организации: Centar za promociju civilnog
drustva (CPCD), како водечки партнер, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП)
од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија.

Главната цел на проектот е да придонесе кон зајакнување на партиципативните
демократии и евроатлантските интеграции во Западен Балкан преку јакнење и
поттикнување на граѓанските организации (ГО) и мрежите на ГО за посилна и поактивна
улога во процесот на создавање на мирни и инклузивни општества за одржлив развој на
Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, С. Македонија и Србија.