ТЕРА

REKLAMA???

ВТОРНИК ВО МОГИЛА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ФЕСТИВАЛОТ НА ДУЕТИ

По 11-ти пат вторник на 30 јули во Општина Могила ќе се одржи традиционалниот фестивал на дуети „Константин и Елена“, со почеток од 20:30 часот на сцената во дворот на ОУ „Гоце Делчев“.

Директор на фестивалот е Фидан Шемовски, а генерален покровител Општина Могила и градоначалникот Драганчо Саботковски.

На фестивалот ќе настапат групата „Бумбари-Бенд“, Ивана и Тони Наумовски, Катерина Танева и Ѓоко Ѓорчев, Софија Кочовска и Љупчо Јовановски-Бубе, Василиа Петрова и Цане Петров, Серафина Фантаузо и Кицо Стефановски, Руса Андова и Пеце Ристевски, Вики Среброва, Раде Младеновски, Петар и Ивана, Елена и Лазар, Сузана Гавазова и Благоја Грујовски, групата „Дар-Мар“ и оркестарот на  Јане Рафајловски.

Потоа е предвидена и забава со Сузана Гавазова.