Црниот чад што ги вознемири жителите на Битола попладнево е резултат на пожарот за кој од Центарот за управување со кризи велат дека од една точка заради ветрот и топлото време се проширил на северозападниот дел од Раштанскиот рид, кон месноста Бел Камен.
И тука се работи за деградирана шума, но во ридскиот предел огнот не прашува дали се работи за грмушка или нискостеблесто растение или деградирана шума. Со секој налет на ветрот малите искри стануваат оган кој постепено согорува се пред себе. На јужниот крај од Раштански рид, долж линијата на магистралниот пат има и многу габаритен смет кој кога е зафатен чади во сите бои.
Попладнево, за разлика од вчера огнот сепак не предизвика поголема вознемиреност од вообичаентата на сите институции кои веќе се координираат низ кризниот штаб, а овој остаток од вчерашниот пожар е работа за ертракторите, нашите и тие кои пристигнуваат во Македонија.
Всушнот повторната воздушна поддршка во гаснењето на пожарот ја најавија од Општина Битола. „Паралелно се врши и координација со општинскиот кризен штаб за вклучување на сите расположливи сили и ресурси согласно потребите. Во комуникација на градоначалникот Тони Коњановски со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, повторно најавена е воздушна поддршка во гаснењето на пожарот, која попладнево се случи.“
Ертракторите водата ја полнат од Преспанското езеро, затоа што тоа е најблискиот голем извор за вода што може да ги наполни канистерите на овие специјални авиони. Во времетраење од 20-тина минути од моментот кога се спуштаат на површината на водата тие се издигнуваат високо над Пелистер, ја надлетуваат Битола и ја испуштаат водта врз дрвјата од кои се гледа оган и просторот кој е целосно зачаден. Според одредени анализи, потребни се десетина надлетувања и испуштање на вода врз оваа територија.
Ваквата интервенција веднаш покажува резултати, иако со топлината и ветерот којшто се карактеристика и денеска, а се очекува и ноќва, набљудувањето на состојбата ќе биде задолжително за сите инволвирани.
Ертракторите и екипите на Територијалната противпожарна служба се насочија кон помош во справуањето со пожарот кој денеска се појави кај Ѓавато.
Денеска попладне според најавата на ЦУК на ертракторите им се придружи и хрватскиот канадер, кој имал канистер со капацитет за 5 тони вода.