75 точки на дневниот ред в четврток ќе се најдат пред советнциите во Советот на Општина Битола.
На почетокот на седницата се точките за работењето на јавните претпријатија.
Финансиски план за работа на ЈП „Комуналец“ за 2024 година, финансиска програма за одржување на јавната чистота на јавните површини на територија на Општината Битола за 2024 година, финансиска програма за одржување на јавните зелени површини на територија на Општината Битола за 2024 година.
Потоа годишениот план и Програма за работа на KЈП „Нискоградба“ за 2024 година, планот за работа (Програма за работа и развој) на ЈКП „Водовод“ за 2024 година, плант за работа на ЈП „Пазари“ за 2024 година, програмата за работа на ЈПСИЗ „Жабени“ за 2024 година.
Пред советниците ќе се најде и оперативната програма за поправка и одржување на улично осветлување (тековно одржување – замена на живините, натриумовите и флуорецентните светилки со лед светилки и аматури заради поголема енергетска ефикаснсот на целиот систем за улично осветлување) на подрачјето на Општина Битола, рурални средини реони Бистрица, Цапари и Кукуречани за 2024 година, како и оперативната програма за поправка и одржување на улично осветлување на подрачјето на Општина Битола за град Битола за 2024 година.
Ќе се разгледува и инвестиционата оперативна програма на ЈПСИЗ „Жабени“ за 2024 година, како и финансискиот план и програма за работата на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг – Битола за 2024 година, програма за работа за 2024 година за ЈППЈЛП Битола.
На оваа седница и годишната програма за превоз на ученици за подобрување на одржливост и квалитет на превозот на меѓуопштински и општински линии на територија на Општина Битола за 2024 година на Меѓуопштинско Јавно претпријатие ПЕЛАЛИНК Битола.
На оваа седница ќе се разгледува и годишната програма за работа за 2024 година на ЈОУ Културен информативен центар Битола, потоа годишната програма за работа на ОЈУ Зоолошка Градина Битола за 2024 година и годишната програма за работа на ЈОУ Дом за стари лица „Сју Рајдер“ Битола за 2024 година.
Советниците ќе ја разгледуваат и програмата за измена и дополнување на Програмата за Развојни планови на Општина Битола за периодот од 2024 до 2026 година.
Меѓу точките и програмата за субвенционирање на јавните комунални претпријатија за 2024 година.












