ТЕРА

REKLAMA???

ГАЦОСКИ ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО ЈП „ПАЗАРИ“

Директорот на ЈП „Пазари“ Битола, Никола Гацоски денеска ја информираше јавноста, со како што вели, изворните параметри и податоци за функционирањето на ЈП Пазари Битола во периодот во кој со него управува актуелното раководство.

„ЈП Пазари Битола под водство на претходната локална самоуправа генерирало загуба од 2020 година.Таа загуба, во моментот на преземањето на управувањето со претпријатието изнесуваше 3.561.144,00 денари. Во периодот потоа, ЈП Пазари Битола водено од актуелниот менаџмент успева да ја намали акумулираната загуба за половина милион денари споредено со 2021 година и таа сега изнесува 3.149.562,00 денари со тенденција на континуирано намалување.

Ваквите успешни чекори на санација на претпријатието произлегуваат директно од вработените и управата на претпријатието и нивното стручно, посветено и професионално управување со приходите и расходите на претпријатието.

Пред се ЈП Пазари Битола во 2022 година и покрај економската криза, успева да постигне зголемување на своите приходи за близу 3.000.000,00 денари споредено со 2021 година. Паралелно, ЈП Пазари Битола успева да одржи целосна ликвидност и во досегашниот мандат на актуелниот менаџмент нема отворени долгови кон добавувачи односно сите примени фактури навреме се сервисираат па нивното салдо е нула денари. ЈП Пазари Битола, успева до максимум да ги укине непродуктивните трошења.

Благодарение на штедењето и соработката со актуелната локална самоуправа, ЈП Пазари Битола успева да се избори со тешкотиите на глобалната економска криза на кои како јавно претпријатие со скромен буџет и дејност не е имуно и обезбеди средства за целокупното работење,за жал по значително повисоки цени за разлика од оние кои беа во 2021 и 2020 година, кога светот а и земјава не беа под влијание на сеуште актуелната висока инфлација.

Зборувајќи за предизвиците, мудрото алоцирање на скромните финансии кои ги има ЈП Пазари Битола, како едно од најмалите јавни претпријатија во Општина Битола, овозможи актуелното раководство на претпријатието да успее да ги испочитува двете последователни измени на Законот за минимална плата и да обезбеди средства за исплата на двапати едно по друго зголемените плати онака како што наложи законот, при што ЈП Пазари Битола во 2022 и 2023 година исплати и ќе исплати скоро 4.000.000.00 денари повеќе за плати споредбено со 2021 година, што е предизвик за секој правен субјект.

Истовремено, наспроти политиката на штедење, ЈП Пазари Битола, делува и развојно и реализира значителни инвестиции во инфраструктура и уредување на Пазарот на големо, Сточниот(преку набавка на нова дигитална вага псле 50 години), Млечниот пазар,како и просторот за пазарот за бижутерија видливи за сите корисници на нашите услуги. Развојниот сегмент, менаџментот на ЈП Пазари Битола, го темели на чиста економска логика за самоодржливост,за што претпријатието заедно со локалната самоуправа работи на изнаоѓање на нови решениа за подобрување на финансиската состојба на истото.

Ние имаме капацитет да ги извршуваме задачите и тоа ќе ни обезбеди свеж прилив на средства кои и тоа како ни се потребни за целосно санирање на претпријатието и подигање на нивото на нашите сервиси за граѓаните. Ова се бројките, базирани само на факти, онакви какви што се во официјалните документи достапни за сите заинтересирани“ вели Гацоски.