Русија нема проблеми со земјите од НАТО, тие се оние кои вештачки создаваат проблеми, тие не сакаат конкурент како Руската Федерација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Во интервју за телевизијата „Русија 1“,Путина кажа дека НАТО е дворот на САД и дека САД се сопственикот на оваа воена организација.
Изјавите на американскиот претседател Џозеф Бајден за можен руски напад врз земјите од НАТО, според рускиот претседател се целосна глупост и бесмислица.
-Тоа е целосна глупост и сигурен сум дека претседателот Бајден го разбира тоа. Тоа е само маневар за оправдување на неговата погрешна политика кон Русија, додаде Путин.
Рускиот лидер повтори дека Западот сака да ја уништи Русија по распадот на СССР и додаде дека на почетокот на 2000-те имал „наивна идеја за тоа како Западот се однесува кон Русија“.
МИА












