ТЕРА

REKLAMA???

ГОЛЕМА ПОСЕТЕНОСТ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ДУЕТИ ВО МОГИЛА

По 11-ти пат во Општина Могила се одржи традиционалниот фестивал на дуети „Константин и лена“, на сцената во дворот на ОУ „Гоце Делчев“. Пред почетокот на фестивалот градоначалникот Саботковски кажа дека очекува голема посететен и добра забава.

Така и беше, дворот на школото беше претесен. Но, за разлика од ланската година бројот на иселеници годива во општината е помал. Имаше гости и од околните општини, а со него беа и градоначалниците од Битола и Новаци, како и советници од општините, пратеници од парламентот.

Директор на фестивалот е Фидан Шемовски, оној кој го создаде овој фестивал единствен од ваков вид.

И градоначалникот Саботковски кој со општината е генерален покровител на фестивалот и директорот Шемовски ја потврдуваат констатацијата на јавноста дека Сузана Гавазова е како заштитно лице на овој фестивал.

Гавазова вели дека не само со овој фестивал, таа е поврзана и со самата Општина Могила.

А, годинава специјална песна за Могила. Им се заблагодари за гостопримството.

По фестивалот кој има ревијален карактер, забавата продолжи со песна и оро.