Второто издание на новогодишната „Зимска приказна“ која и оваа година се очекуваше со нетрпение, привлекува се повеќе битолчани, но и гости од другите градови.
Програмата се одвива на повеќе локации низ Битола, а на истата настапија и Трио Џентлмен, Synthetic sax, група Деспина и Алексеј Ивановски и Икс бенд.

Во среда програмата продолжува во Старата битолска чаршија со група Преродба, Дејание и Сара, група Маестрал и Адути бенд.
Пред Офицерскиот дом ќе биде презентиран „Светот на Биби“, ќе настапи Камерниот оркестар на Битола, Поп рок хорот, Ние запирка другарите.
Во четврток програмата продолжува со детската театарска претстава Зимска приказна, настапот на Фолтин, Groove i Corrosion, a во Старата битолска чаршија со Енис бенд, Дуо латино бенд, групите Фаворити и Бонус.












