Попладнево, нов пожар ја зафати теротиријата на општина Битола, но овој пат во близина на месноста наречена Смолево. Високите темепратури придонесуваат за брзо ширење на пожарот, а зафатена е голема површина.

Комплетната екипа на ТППЕ Битола е на терен, со цел ситуацијата да биде ставена под контрола.

Теренот е застапен со шума, која наместа е борова и е недостапен и тежок за пристап на екипите. На помош на екипите на ТППЕ веќе почнаа да пристигнуваат и доброволци.

Од доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола ги повикаа битолчани да им се приклучат во справувањето со пожарот.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски е во постојан контакт со екипите на терен, со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.












