ТЕРА

REKLAMA???

ГРАН ПРИ НА 24.ФЕСТИВАЛ НА МОНОДРАМА ЗА ПРЕТСТАВАТА ОД МОНГОЛИЈА

Од 12-ти мај до 20-ти мај, Битола беше град на театарски блесок, пречекувајќи талентирани актери од 11 земји кои на три различни фестивалски сцени прикажаа 13 извонредни монодрами, оставајќи ги гледачите маѓепсани од моќта на еден изведувач на сцената.

Под мотото „Да се ​​биде“, директорката на Центарот за култура кој е организатор на овој фестивал, Маја Андоновска Илијевски го изрази своето задоволство од успехот на овогодинешното издание. 

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски го пофали фестивалот за неговиот придонес во културниот пејсаж на градот. Тој ја додели наградата на градот Битола која ја избира публиката според гласовите по изгледаните претстави, на претставата  „Како мало зрно песок“ – Мана Чума Театар, Калабрија Регион, Италија.

Стручното жири составено од театарската критичарка и драматург Нина Мазур која е Потпретседател на Интернационалниот Форум за Монодрама  на UNESCO и актерите Николај Урумов и Сашко Коцев,на овогодинешниот фестивал ги додели официјалните награди на Хорхе Лопез и Пати Доминик за претставата „Крвава свадба” од Шпанија за најдобра режија заради богатиот режисерски израз со многу симболи кои ја збогатија актерската игра на Марија Видал која со своите актерски вештини  ги оживеа зборовите на Лорка. 

Наградата за најдобро актерско остварување ја доби Салваторе Арена ,за улогата во претставата „Како мало зрно песок” од Италија, заради својот широк спектар на емоции на сцена кои ја освоиа едногласно и публиката и членовите на жири комисијата.

За најдобро остварување во целост, Гран При наградата на ова издание на фестивалот ја доби претставата „Кој сум јас” од Монголија на авторот и режисер Б.Батделгер и на актерката Јанјиндулам Рагкасурен.

Публиката во салата на Народниот театар во Битола ја покажа својата благодарност кон актерите со громогласен аплауз и овации додека додека се прогласуваа победниците.

24. Интернационален фестивал на монодрама не беше ограничен само на трите фестивалски сцени, туку се прелеа и по битолските улици, креирајќи  пантомима претстави кои внесоа смеа и радост во секој агол од градот. Во меѓувреме, офф програмата на фестивалот понуди две работилници кои ги водеа Дарко Вељиќ и Мето Јанакиевски. Во чест на победниците, по официјалната церемонија на доделување на награди настапи велешкиот театар Јордан Х. К. Џинот  со претставата „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски.