В среда пред битолските советници повторно ќе се најде Програмата за економски развој на Општина Битола за 2023 година. Се однесува на проектот за велосипедските патеки, кој на вонредната седница која што се одржа на 18-ти мај не помина. Оние граѓани кои што ги анкетиравме велат дека што побрзо е потребно изградба на велосипедски патеки низ градот со цел заштита на животната средина, растеретување на сообраќајниот метеж и подигнување на свеста кај граѓаните за што повеќе користење на велосипедот како превозно средство.

Инаку оваа точка е за реконструкција на ТРОТОАРИ на дел од ул. „Васко Карангелевски“( од кружен тек „Педагошка“ до кружен тек „Веро“) и дел од улица„Партизанска “од спој со ул.„ Тодор Паница“ до спој со Градско Шеталиште со должина од 5300 м, во износ од 562.860,00 ден. На вонредната седница 11 советници гласаа „ЗА“, а 17 беа воздржани, во нив советниците од СДСМ, Левица и Поинаку.












