Дел од најновиот проект на група Маестро, се песните за Битола. Се работи за една од најбараните македонски групи, млади и енергични и секогаш „виновници“ за добра забава . Шест членови, кои покрај негувањето на македонска традиционална музика, на нивниот репертоар имаат и бројни песни од балканскиот регион, но и светски хитови. Во Маестро членуваат Кирил Митоски вокал, Илија Филиповски виолина и гитара, Војче Петрушев хармоника и бас гитара, Александар Тренкоски кларинет, Љупче Ѓорѓиев клавијатури и вокал, Трајче Ристов ударни и перкусии.
Третиот дел од нивниот проект “Звукот на Македонија” е посветен на градот на конзулите, градот под Пелистер, градот на браќата Манаки, градот на Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Тале Огненовски, Виолета Томовска.

Видеото е снимано во Битола на повеќе познати локации: Битолскиот музеј, Офицерскиот дом, Широк Сокак, кафе Бар Чаршија, Битолската чаршија и други.
За аудиото и мастерингот се погрижи Дејан Момироски , студио XL Момироски, музички продуценти Дејан Момироски и Илија Филиповски , кој беше задолжен и за аранжманите, видеото и снимањето со дрон е на Веста продукција, камера и видео монтажа Бојан Тасетовиќ и Дејан Наумовски.

Видеото ги содржи песните: Битола бабам Битола, Ако одам во Битола, Битола мој роден крај, Таму долу Битола, Битола љубов моја, Мариче ле лично девојче, Не стој Доне Донке, Сношти поминав заминав, Дафино вино црвено, Битолско свадбарско оро, Полјанско оро.
Група Маестро неодамна одбележаа 10 години постоење. Важат за една од најпопуларните македонски групи за народна музка, а нивната љубов кон традицоналната македонска музика се гледа преку нивните изведби на песните од богатата македонска музичка ризница.












