ТЕРА

REKLAMA???

ГУТЕРЕШ: СЕ НАОЃАМЕ НА АВТОПАТ ДО КЛИМАТСКИОТ ПЕКОЛ

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, на лидерите на земјите собрани на почетокот на самитот „КОП27“ во Египет им рече дека дека се соочуваат со остар избор или да работат заедно сега за да ги намалат емисиите или да ги осудат идните генерации на климатска катастрофа, пишува Радио Слободна Европа.

Говорот даде итен тон додека владите седнуваат на двонеделни разговори за тоа како да се избегнат најлошото од климатските промени, иако вниманието е одвлечено од руската војна во Украина, неконтролираната инфлација и недостигот на енергија.

„Ние сме на автопат до климатскиот пекол со ногата на педалот за гас“, рече Гутереш.

Повеќе од сто светски лидери денеска се состанаа во египетското одморалиште Шарм ел Шеик, на самитот за климатски промени – КОП27.

Шефот на Обединетите нации (ОН) за климата, Сајмон Стил, во неделата рече дека верува дека ќе има доволно лидери на самитот за да се добие позитивен резултат.

Сепак, поранешниот американски преговарач за климатски промени Најџел Первис рече дека имало „големи климатски самити и мали самити за климата и дека овој никогаш не се очекуваше да биде голем“.

Научниците нагласуваат дека климатските промени се најголемиот предизвик со кој се соочува планетата Земја, но аналитичарите не очекуваат големи резултати од самитот кој официјално беше отворен во неделата на 6 ноември и ќе трае до 18 ноември.

Речиси 50 шефови на држави и влади во текот на првиот ден од разговорите ќе разговараат на „повисоко ниво“ за климатските промени, а следниот ден се очекува уште поголем број.