На брифингот со новинарите минатата недела кога градоначалникот на Битола, Тони Коњановски информираше за сработеното во изминате две години, го прашавме дали советниците му се заблагодариле за новите телефони.
„Не“ одговори тој.
Коњановски вели дека години наназад се добивале, тоа е дел од пакет, заслужуваат и дел од раководителите и вработените да добијат службени телефони, тоа не е нешто невообичаено.
„Е сега забелешките ваков е, таков е, или она е, тоа е што да ви кажам, на ниво на ….“ рече тој.












