ТЕРА

REKLAMA???

ДАЛИ ЌЕ ИМА ШТРАЈК ПОВТОРНО, ЗАВИСИ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

Претседателот на Синдикатот на образованието, науката и културата Јаким Неделков, по вчерашната рунда преговори во Министерството за образование и наука изјави дека генерално е постигнато усогласување на некои ставови, но не може уште сега да тврди дека ќе се постигне договор или, пак, дека штрајкот повторно ќе биде активиран.

Она што генерално е усогласено е околу колективниот договор, но и тоа треба да се допрецизира.

Дали штрајкот ќе биде повторно активиран, додаде тој, тоа ќе зависи од резултати од преговорите, од препораките кои ќе ги напише посредувачот или помирувачот.

Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека независно од крајниот исход, образовниот процес не смее повторно да се прекинува.

„Се отворија многу дискусии за колективните договори и мислам дека ќе имаме нов колективен договор наредниот период, па ќе имаме за што да продолжиме со преговори. Ставовите се доближуваат, во другиот дел се наоѓаат решенија. Побарав разбирање од СОНК и наставниците затоа што имавме добра волја за решение“, посочи Шаќири

Тој додаде дека навременото завршување на учебната година за основното образование ќе зависи од извештаите за работа доставени од директорите на училиштата и мислењето на Бирото за развој на образованието.