ТЕРА

REKLAMA???

ДОНАЦИЈА ОД ГРЦИЈА ЗА ОУ„СТИВ НАУМОВ“ ОД БИТОЛА

ООУ ,, Стив Наумов”- Битола доби донација од грчката болница во Флорина со посредство на Генералниот Конзулат на Грција во Битола. Станува збор за компјутерска опрема за потребите на училиштето, информираат од ОУ „Стив Наумов“ од Битола.

Компјутерската опрема им беша предадена на училиштето од страна на Генералниот конзул на Грција во Битола, г. Александрос Видурис и г. Јоргос Манцос-директор на болницата во Флорина, Република Грција.

Генералниот конзул на Грција во Битола г. Александрос Видурис ја истакна својата заложба за придонес во активностите за општествена одговорност за подобрување на условите за правилен развој и за квалитетно образование на младите.

Јоргос Манцос директорот на болницата во Флорина, Република Грција истакна:

– Во односите со заедницата не е доволно само да бидеме добар сосед, туку треба да бидеме и добар партнер. Преку поддршка со разни проекти, донации и преку голем број активности, болницата и градот Флорина натаму ќе се труди да придонесе за подобрување на постојните или за иницирање нови начини за враќање кон нашата заедница во сите области за правилен развој на најмладите во општеството.

Директорот на ООУ,,Стив Наумов”- Битола, Никола Пискачев им се заблагодари за донацијата.

– Ова што го направивте за нас како општествено одговорна институција е од големо значење за нашето училиште, а посебно за нашите ученици. Квалитетот на наставната програма зависи и од опремата со која располага училиштето, а во денешницата, информатичко-дигиталните операции се важна алатка за развој на училишниот процес.Ви се заблагодарувам пред сè во името на учениците,вработените и родителите.

На средбата се разговараше за продложување на соработката и збратимување со основно училиште од градот Флорина.