Детска игра и смеа под внимателното око на наставниците, за кое вообичаениот впечаток е дека е безгрижно. Но новиот век и на ове мали млади им задава проблеми. Учениици од основните и средните училишта во градот на платото на Офицерски низ своите креативни дела „проговорија“. – цртааа, пееја, пишуваа мотовирачки пораки и цртежи против негативните појави во заедницата со кои тие се соочуваат. Ја изразија својата креативност како противтежа на сите кои во нив гледаат потенцијални регрути за девијантни однесувања.
„Ние како совет за превенција од детско претстапништвоја подигаме свеста низ нашата работа против девијантните појави во општеството како што се булиг, сајбер-булинг, вандализам и сите видови зависности – дрога, алкохол. Сите ние денес овде млади ќе пренесеме порака на различе начин, креативен начин, низ музика, креативни цртежи, пароли, за да бидеме сите свесни за девијантните појави“ изјави Жанета Ристевска, претседател на Совет за превенција од детско претстапништво на општина Битола.

Советот за превеннција од малолетничка деликвенција е општински орган, чија програма ја креираат 25 членови од јавното обвинителство, судовите, полицијата, општинските советници, психолози и педагози од училиштата.
„Работиме на организирање трибини, предавања, тоа е нашата улога. Како воспитувачи низ училиштата. Од месец септември планираме да реалзиираме предавања, едукативни работилници, работилници за емпатија, а ќе започнеме и проект „Пријави насилство“ – мобилна апликација што го имаме заедно со Ротари клубот.“ – објасна Ристевска.

Таа е училишен психолог. Младите се подложни на негативно влијание, и тоа е дел од најчестите проблеми за кои бараат помош.
„Младата генерација последно доаѓа во помош за булингот. Тие не го сфаќаат , тие си се навредуваат и мислат утре ништо нема да биде, но, како делуваат навредливите зборови врз некој не знаат и како тој ќе ги пренесе дома и потоа и родителите реагираат. И доаѓаат за пушењeто коешто започна да биде тренд од мала возраст, од седмо одделение. Можеби се многу достапни или пак е фраерлук…“ вели таа.













