Во 58 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 5, 9, 15, 21, 23, 25 и 37. Исто така беше извлечено и црвеното топче кое ги дуплираше добивките.
Добивка со седум погодоци немаше, а беа извлечени две шестки, секоја од нив вредна по 619.357,50 денари.
Фондот за седумка за следното коло изнесува 105.195.000 денари.
На џокерот беа извлечени следните броеви: 4, 7, 4, 7, 4, 2. Добивки со шест погодоци немаше, а имаше две петки, секоја од нив вредна по 23.059,50 денари.
Очекуваниот фонд за шестка во следното коло на Џокерот е 3.929.000 денари.












