Во 39 коло на Лото7 беа извлечени следните броеви: 4, 7, 10, 11, 18, 33 и 34. Добивка со седум погодоци немаше, а беа извлечени две шестки, секоја од нив вредна по 170.932,50 денари.
Фондот за седумка за следното коло е 20.658.000 денари.
Извлечен беше џокер бројот 5, 0, 6, 0, 5, 0. На џокерот добивки со шест и пет погодоци немаше.












