Советничката од СДСМ, Мирјана Захариевска-Ралевска, денеска преку соопштение го демантира вчерашниот прес на битолската ВМРО ДПМНЕ.
„Со целиот професионален и човечки кредибилитет кој го имам, ги демантирам невистините кажани на прес конфренцијата на секретарот на ОК ВМРО – ДПМНЕ Битола, Никола Котевски.
Начинот на работа во секоја работна организација е право на одлучување на раководителот, со цел зголемување на ефикасноста во работењето. И се додека постапките се согласно закон, нема причина за било какви реакции, особено од страна на политички партии.
Секој се бори за егзистенција и за работа и тоа е основно човеково право, но тоа не може и не смее да биде на сметка на угледот и честа на некој друг. Затоа, апелирам до сите инволвирани страни да се воздржат.
Кога пак обвинувањата доаѓаат од лица кои во својата непосредна работна средина се окарактеризирани како “неработници”, тогаш ниту партиските обележја не можат да ја сокријат намерата дека се работи за грубо прекршување на моралните норми кои би требало секој поединец да ги има“ вели таа.












