Утрово 2 степени во Берово, 4 Крива Паланка, 5 Струмица, 6 Попова Шапка, Маврови Анови, Лазарополе, Тетово, Битола, Виница, 7 Охрид, Прилеп, 8 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Крушево, Претор, Штип, Гевгелија, Дојран, Куманово, 10 Демир Капија.
Времето во текот на ноќта променливо облачно, по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност. Утрово во крајните западни делови има врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Денеска претпладне променливо облачно, а во текот на денот сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во крајните западни делови ќе има повремени врнежи од дожд.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Битола до 17 степени.












