Утрово 7 степени во Лазарополе, 9 Попова Шапка, Маврови Анови, 10 Битола, 11 Охрид, Крива Паланка, 12 Претор, Крушево, Берово, Тетово, 13 Прилеп, 14 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Виница, 15 Струмица, Демир Капија, Штип, Кавадарци, 16 Гевгелија, Дојран.
Во текот на ноќта времето беше ведро со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово е претежно сончево.
Денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен. Во Битола 28 степени.












