Денеска на одделението за ортопедија во Клиничката болница во Битола биле примени две лица каснати од кучиња.
Во едниот случај се работи за 13 годишно лице каснато во глутеалната десна регија. Според информациите од директорката на болницата д-р Елизабета Ивановска, на ортопедија повредите се санирани од страна на докртор ортопед и детето е пуштено дома.
Другиот случај на кој денеска интервенирале е 49 годишно лице, странски државјанин, кој бил каснат на левата потколеница. Лицето медицински е третирано и пуштено.












