ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА ПРЕД ПРАТЕНИЦИ ЌЕ СЕ НАЈДЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

На денешната пленарна седница на Собранието на дневен ред е точката  „Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година”.

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен денеска ќе пристигне во посета на Скопје. Таа ќе има средби со државниот врв, а ќе се обрати и во Собранието пред почетокот на седницата на која ќе се разгледува францускиот предлог.

И за денеска е најавен протест против францускиот прелдог, кој ќе започне од 12.00 часот пред Собранието на Република Македонија.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упатува апел за практикување на мирен протест како дел од дијалогот.

„Македонската полиција останува на нивото на својата задача во заштитата на уставно загарантираното право на протест на граѓаните и, секако, на безбедноста на институциите и граѓаните“ вели министерот Спасовски.