Православните христијански верници денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.
Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден — Христовото раѓање.
Изутрината пред секоја порта коледарите со песна и торби во рацете го најавуваат Христовото раѓање. Од домаќините добиваат костени, ореви, јаболка, бонбони и по некоја паричка.
Има низа обичаи за Бадник, особено поврзани со Бадниковата вечера.
Домот за Бадник традиционално се украсува со бадниково гранче, кое го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа.
Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.












