ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА СЕ СЛАВИ ПРЕОБРАЖЕНИЕ ГОСПОДОВО И СЕ ОСВЕТУВА ГРОЗЈЕТО

Празникот Преображение на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19 август , односно 6 август. На овој ден се прославува преображението (metamorphosis) на Христос на Тавор, кога Господ се појави во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.
За да не ослабе верата на апостолите со Неговото страдање кое претстоело, и за Неговите ученици да не отпаднат од Него, Господ Исус Христос сакал да им покаже барем дел од Својата божествена слава. Преображение на Господ Исус Христос се нарекува настанот преку кој Тој, Премудроста, им посведочил за ова. Затоа ги зел со Себе Петар, Јаков и Јован и излегол со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобразил пред нив. И заблескало лицето Негово како сонце, а облеката му побелела како снег, а покрај Него се појавиле старозаветните пророци Мојсеј и Илија    
На денот кога го празнува празникот Преображение,во православните храмови  се врши осветување на вода и плодови, посебно грозје кое од денес ќе се најде на нашите трпези.
https://www.youtube.com/watch?v=VY42C_s7_5A