Утрово -4 степени на Попова Шапка, 0 Крушево, -1 Маврови Анови, Лазарополе, 1 Берово, 3 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Прилеп, Штип, Претор, 4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Струмица, Демир Капија, Охрид, 5 Виница, 7 Гевгелија.
2 см е снежната покривка во Маврови Анови, 1 Крушево, Лазарополе.
Во текот на ноќта времето беше облачно, утрово со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Денеска облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени. Во Битола до 5 степени.












