ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕС НА ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМА, ПРЕТСТАВИ ОД МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА

Натпреварувачката програма на годинешното издание на Фестивалот на монодрама во Битола ја отвора претставата на Народен Театар Подгорица, Црна Гора, „Храна за душа“, автор: Жана Полиаков, режија и актер: Славко Калезиќ.

Оваа монодрама е независен проект адаптиран, режиран и изведен од страна на Црногорскиот актер Славко Калезиќ, која се базира на истоимениот роман на Жана Полиаков.Тоа е театарски перформанс кој на наубав можен начин го прикажува “сензационалниот вовед во среќен живот”- како што авторката и самата напиша. Адаптацијата, драматизацијата и режијата се комплетно во склад со моменталната ситуација. Таа е материјал кој е совршен за надминување на тешкотиите кои пандемијата ни ги наметна. “Душевна храна” е подарок за жените кои немаат храброст да одолеат на плитките оптествени рамки; се залага за ослобододување на жените од насилство, сексизам, и традиционални женски улоги (домаќинка, сопруга, мајка, сексуален предмет) и прифаќање на жените како комплетни индивидуи.

Од 21.30 на Новата сцена во Центарот за култура ќе биде изведена монодрамата „Кога цветаа тиквите“, НУ Народен Театар – Битола.Режија и актер: Кристијан Танчевски. Автор: Драгослав Михајловиќ. Стручен консултант: Љупчо Ѓоргиевски.

Претставата зборува за еден млад човек, кој ветрот го оддувал некаде далеку од својот дом.

Секое човечко време има своја  неиздржлива леснотија на постоењето (Кундера). Ако сите луѓе на оваа планета се раѓаат добри, што живее, овде на овој митски Балкан, па од човека  низ животот создава „непоправлив“ грешник и постојано е во трка  да го му го одземе Сонцето од очите.

„Кога цветаа тиквите“ претрпе голем број театарски, филмски и ТВ адаптации по укинувањето на забраната, токму благодарение на двосмисленоста на грубо реалистичната, скоро бруталистичка игра на Михаиловиќ, фактот дека содржи зрели политички, социјални, мелодраматски и поетски нивоа на значење, носејќи многу актуелни, современи и универзални теми.