ТЕРА

REKLAMA???

ДЗР: АЛАРМАНТЕН ГУБИТОК НА ТАЛЕНТИ

Mакедонија е во 20 земји од светот со висока емиграција на вискообразовани лица и според индексот на одлив на мозоци на Глобал Економи (Global Economy) – отворен извор за светската економија, државава е на 5то место во 41 земја, а според Светска Банка скоро 40% од високообразованиот кадар ја напуштил земјата.  Извештајот бил испратен и во владата и во канцеларијата на претседателката Силјановска-Давкова.

Повеќе од 35% македонско население кога во предвид се има вкупната бројка население од пописот живеат на друго место – во странските држави на прием кои се економски подобри од Македонија.

Овој заклучок се базира на последниот извештај на државниот завод за ревизија наменет за проценка на мерките за губење на таленти во државата – програма создадена во 2013/2014 година за којашто досега сите заборавиле.

Според објавените вкрстени, податоци од повеќе домашни и странски институции што ги објавуваат ревизорите:

Од 2015 до 2022 година од државата се отселиле 719 високообразовани лица.

Од 2013 година до 2021 година од државата просечно мигрирале 2.500 високообразовани кадри за чие образование се инвестирале просечно по околу 5 милијарди денари. Со тоа државата е во загуба од 3.19% од БДП годишно, а вкупниот негативен ефект е 8.34% од БДП на годишно ниво.

Според податоците на интернационалната ирганизација за миграција на ОН (ИОМ) и Организацијата за економска соработка и развој ( ОЕЦД) од Маккедонија во декадата меѓу 2010 и 2020 година се отселиле 693 илјади и 900 луѓе.

Ревизорскиот извештај проблемот за овие податоци го лоцира најпрвин во фактот што државава нема стратешки документ  за борба против одливот на мозоци, има Резолуција за миграција на хартија, но нема воспоставен механизам за активности кои ќе ги намалат трајните емиграции, а нема ниту воспоставен систем за следење и управување на интелектуалната емиграција. Ова последното подразбира дека ние ниту знаеме кој се заминал, што учел, на колку години заминал ниту зошто заминал да живее во странство.

Ревизијата констатира и дека „Се доделуваат стипендии за втор и трет циклус на студии во странство без извршена анализа и утврдување кои студиски програми се од јавен интерес за државата за да бидат стипендирани. “

Инаку, Обединетите нации во соработка со Владата и други значајни партнери ја имаат изработено Рамката за соработка за одржлив развој 2021-2025 која е усогласена со националните развојни приоритети, меѓународните човекови права, обврските за родова еднаквост и Агендата 2030. Утврдени се 17 цели и 169 специфични точки за тие цели што треба да се постигнат до 2030 година. Во рамки на целта 4 предвидено е до 2030 година значително да се зголеми бројот на младите и на возрасните кои имаат соодветни вештини, вклучувајќи технички и стручни вештини, со цел вработување, добивање пристојни работни места и претприемништво. Со целта 8 – Достоинствено вработување и економски раст, предвидено е до 2030 година да се промовира инклузивен и одржлив економски раст, вработување и пристојна работа за сите. Со целта 9 – Индустрија, иновација и инфраструктура да се изгради отпорна инфраструктура, да се промовира инклузивна и одржлива индустријализација и да се поттикнуваат иновации. Се со цел младите и високообразовани да останат дома.

Извор: ДЗР