ТЕРА

REKLAMA???

ДИЗЕЛОТ И ЕКСТРА ЛЕСНОТО МАСЛО ПОЕВТИНУВАА, ЕУРОСУПЕРОТ БС-98 ПОСКАПУВА

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,09%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.08.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.08.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.08.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 80,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,094 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.08.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,158 ден/кг.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:


– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 87,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 89,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 81,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 80,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 46,158 (денари/килограм)