ТЕРА

REKLAMA???

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ПРИЛЕП

Синоќа во Прилеп се одржа свеченост на која беа доделени наградите по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп.

Пред присустните се обрати градоначаллникот на Прилеп, Борче Јовчески кој рече дека денес oддаваме почит на хероите, за нивната жртва, за тоа што ги дадоа своите животи за слободна и самостојна Македонија и за ослободувањето на нашиот град од фашистичкиот окупатор.

 

„79 години подоцна, стоиме тука со воспоставена традиција на овој голем ден за Прилеп и прилепчани со тоа што оддаваме признание на граѓаните чии индивидуални и колективни достигнувања придонесле за подобрување на животот во нашиот град.

Епитетот на град херој го носиме со гордост, а тоа е нераскинливо поврзано со животот во Прилеп во минатото, сега, а сигурно ќе влијае и на иднината на нашите најмили.

Заслугата за овој епитет на нашиот град е заслуга на сите кои што придонесле за тоа, преку 8000 прилепчани кои биле учесници во Народноослободителната борба и од кои имаме 650 жртви и 15 Народни херои.

3 Ноември, секогаш ќе биде потсетување за нивното дело и чествување за нивната визија за слобода, правда и демократија.

Исто така овој ден треба да биде потсетување и за младите генерации, да не забораваат каде се родиле, каде живеат и да се трудат секој во својата област на делување, да придонесат за што подобра иднина на Прилеп.

Kако градоначалник на Прилеп сакам да упатам еден апел дека потребно е сите заедно да го градиме и развиваме нашиот град.

Сплотени да се избориме за поголем локален економски развој, подобра инфраструктура, квалитетно образование и напредок во сите други области.

Во таа насока ние како Локална самоуправа изминатиов период можам да напоменам дека работевме и сеуште работиме на проектот за рехабилитација на улици во општина Прилеп, со што се трудиме да ја подобриме патната инфраструктура во нашиот град и да ги подобриме условите за сите граѓани.

Продолжуваме максимално посветени, и во наредниот период имаме планирано и ќе започнеме со изградбата на нов кружен тек во нашиот град, потоа нова катна гаража, нова училишна спортска сала, нови водоводни и канализациони мрежи, нови спортски и рекреативни игралишта, субвенции насочени кон граѓаните и многу други значајни и капитални проекти на кои што сме посветени, се со цел овозможување на подобри услови за живот на сите наши сограѓани.

Целта е една и единствена – Да го направиме Прилеп достојно место за живеење, затоа што местото на нашите деца е тука, блиску до нас, во нашиот град, во нашиот дом“ рече Јовчески.