Обилни врнежи од дожд вчера попладне го зафатија Прилеп. Според Управата за хидрометеоролошки работи во изминатите 24 часа до 8 часот утрово, најмногу дожд 23 л/м2 наврнаа во Прилеп.

Синоќа Центарот за управување со кризи предупреди дека водостојот на реките е зголемен и дека на некои места има изливање на реката од речното корито во Прилеп.

Од страна на раководителот на РЦУК- Прилеп побарано е од ТППЕ Прилеп и ЈП Водовод да има дополнителна дежурна екипа доколку има потреба од дополнителни сили.

ФОТО: ЦУК












