ТЕРА

REKLAMA???

ДОНАЦИЈА ЗА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА

Ротари клуб Битола, во соработка со Ротари клубот Дјуршхолм од Стокхолм, Шведска, во Клиничката болница Битола на одделението за гинекологија и акушерство донира опрема за хируршко отстранување на пред-канцерозни промени на грлото на матката и микро-инвазивен канцер на грлото на матката.

Донацијата е дел од Проектот за здравјето на жената во Македонија: Превенција од рак на грлото на матката.

Донацијата се состои од јамки за LLETZ конизација т.е минимално инвазивна интервенција за отстранување на пред-канцерозни промени на грлото на матката, електроди за коагулација, биполарни ножички и биполарен инструмент таканаречен ligasure за хируршки интервенции, абдоминални операции, како инструмент и апликатор за аргон плазма коагулација. Со јамки или ези за LLETZ конизација, промените на грлото на матката се отстрануваат за неколку минути и пациентката може да си оди дома после 30 до 45 минути од интервенцијата. Ризикот од крварење во тек и после интервенцијата е минимален,  како и ризикот за инфекции кај пациентката, за разлика од класичниот и застарен метод на хируршко отстранување.

Со ова, Клиничка болница Битола ќе ги следи современите здравствени трендови за отстранување на пред-канцерозни промени и микро-инвазивни карциноми на грлото на матката, но и на други гинеколошки карциноми.