Дедо Мраз, огномет, 3Д мапинг, многу музика и весело расположение, така беше синоќа пред Офицерскиот дом во Битола каде битолчани ја испратија старата и ја дочекаа новата година.

Последните часови од старата година беа резервирани за мултимедијалниот спектакл за деца и возрасни ,,ЗИМСКА ПРИКАЗНА“ адаптација на приказната „Снежната кралица„ на Ханс Кристијан Андерсен.

Забавата продолжи со групата Луцент, потоа „Љубојна“ и Исмаил Луановски, а првите часови од новата година со Никола Зацески и групата „Мелем“.



Се обрати и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски честитајќи им ја новата година на граѓаните на Општина Битола.















