Во текот на денешниот ден 17.10.2022 понеделник, нашите екипи беа на терен и работеа на промена на затворач во с.Кравари, со цел подобрување на притисокот на водата во овој дел, велат од ЈП „Водовод’“ Битола.

Од таму додаваат дека поради дотраеноста на водоводната мрежа, екипите се соочија со потешкотии во активностите околу промената, така што настанаа дополнителни компликации и поради непристапноста на теренот беше отежната самата санација.
Се очекува нормализирање на водоснабдувањето до 18 часот во текот на денот.












